Српската Влада започнува со помасовно тестирање за ковид-19

На денешната седница е донесена одлука за вклучување на сите квалификувани лаборатории за спроведување на тестови за коронавирус.

298

Српската Влада на денешната седница донесе одлука да ги утврди сите лаборатории кои се квалификувани за спроведување на тестови за коронавирус, односно вклучување на ветеринарните институти во лабораториско тестирање, соопшти од Владата.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во владиното соопштение се наведува дека, „заради потребата да се обезбеди здравствениот систем пред претсојниот есенски период, со цел дополнителна заштита на населението од заразната болест ковид-19, Владата одлучи да го зголеми бројот на лаборатории во кои ќе биде овозможено тестирање.“






Се работи за лаборатории на здравствените установи и сите микробиолошки лаборатории во јавна сопственост, кои вршат активности од областа на здравјето на животните, безбедност на храната, контрола на квалитетот и безбедноста на млекото и тестирањето на забранети, недозволени, штетни и непожелни материи во храната и во добиточната храна, здравјето на растенијата, семето и садниот материјал и банките за растителни гени, се вели во владиното соопштение за медиумите.

Поврзани содржини