СРЕЌЕН ТИ РОДЕНДЕН ДУПКО MOJA! Сарајлија со мајтап покажа дека патот е искршен цели три години
Дупко, среќен ти роденден! Со ваква влада, сигурни сме дека секоја година ќе растеш и ќе славиш уште многу родендени, напиша Ахмед Косовац, кој бил претставник на Нашата партија во Советот на општина Ново Сараево.
Човек од Сараево реши иронично да ѝ го прослави третиот роденден на дупка на патот во неговиот град:
„Дупко, среќен роденден!“, објави Ахмед Косовац, претставникот на Нашата партија во Советот на општина Ново Сараево.
„Го прославивме третиот роденден на дупката кај ТЦ Грбавица. Граѓаните се обратија поединечно до општината и до градоначалникот, се обидоа и преку Советот на месната заедница, но сега, дупката е таму веќе три години. Можно е градоначалникот и службите да одлучиле да ги научат граѓаните како безбедно да поминат на спротивната лента со автомобили и да не го оштетат автомобилот, а возачите на скутери и мотори како да не паѓаат. Со оглед на тоа што санирањето на дупката не е во план, на крајот на септември побарав од општина Ново Сараево да го прослави роденденот на дупката. Дупко, среќен ти роденден! Со ваква влада, сигурни сме дека секоја година ќе растеш и ќе славиш уште многу родендени“, напиша тој.