Ѝ ГО СКРШИЛА СРЦЕТО Кралицата ѝ забранила на Кејт да има уште едно дете од себична причина

Шушкањата за четвртото дете во семејството на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам секој ден се сѐ погласни.

887

„Кејт повторно е бремена“, „Вилијам и Кејт наскоро ќе го прошират семејството“, „кралското бебе е на пат, војводите од Кембриџи се пресреќни“, ова се само дел од многубројните наслови кои кружат во британските и странските медиуми веќе извесно време.

Шушкањата за четвртото дете во семејството на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам секој ден се сѐ погласни, а според пишувањето на поедини медиуми, и нивните деца сакаат да добијат уште еден брат или сестра.






Кејт и Вилијам се во брак од 2011 година и имаат три деца, а најстариот принц Џорџ има 8 години. Тука се и шестгодишната принцеза Шарлот и тригодишниот принц Луис, но и покрај тоа, јавноста навива за уште едно засилување во семејството.

И еден од најлошите озборувања за ова препознатливо семејство на сина крв е кралицата Елизабета Втора, која наводно не дозволува нејзиниот внук и неговата сопруга да добијат четврто дете. Има гласини кои почнаа да кружат на почетокот на оваа година, но многумина мислат дека ова е само гласина.

Британскиот владетел со најдолг стаж, 95-годишната Елизабета Втора, наводно јасно и гласно ѝ забранила на сопругата на нејзиниот внук Вилијам повторно да забремени. Според неименуван извор за британските медиуми, 39-годишната отсекогаш сакала да има шест деца, а бидејќи „стоела на три“, планирала уште една бременост во наредниот период. Но, со истото не се согласила и кралицата и поради прилично сурова причина решила да ѝ го скрши срцето на војвотката од Кембриџ.

Себично или не, Елизабета Втора моментално размислува само за иднината на монархијата, па според изворот не ја сака новата бременост на Кејт бидејќи има ‘други планови за војвотката’.

„Во случај Кејт повторно да забремени, на сите им е јасно дека одреден временски период, за време на породилното отсуство, ќе отсуствува од работа и нема да може да ги извршува претходните кралски должности. Со оглед на тоа што Меган и Хари заминаа минатата година, многу нови работни места секако паднаа на Вилијам и Кејт, кралицата не може да си дозволи да ја нема Кејт меѓу оние кои во моментов работат најмногу за кралското семејство.

Исто така, истиот извор додаде дека 95-годишната е свесна колку е популарна Кејт во јавноста и дека не сака да го наруши угледот на семејството со своето отсуство од медиумите, кое постојано е проследено со разни скандали на други членови.

За крај, „Нешнел енкваер“ наведува дека одлуката на кралицата целосно го скршила срцето на сопругата на принцот Вилијам, која и покрај смирениот впечаток што го остава во јавноста, не може да и прости на кралицата што ја спречила да го прошири семејството со друг член.

Поврзани содржини