Србин на својата сопруга Американка ѝ дал да испие ракија на „екс“: Нејзината реакција ги насмеа сите ВИДЕО

5,218

Србинот Владислав Милановиќ и Американката Меј се веќе извесно време во брак, а нивниот живот секојдневно го следат 100.000 луѓе на Јутјуб.

Едно од нивните најпопуларни видеа е она на кое Меј испробува традиционална балканска трпеза и ја оценува според вкусот. На трпезата се наоѓаат гибаница, ајвар, гурманска плескавица, ќебапи, грав, торти.






На Меј најмногу ѝ се допаднала „шопска“ салата, која ѝ ја „подметнал“ нејзиниот сопруг, бидејќи не е голема обожавателка на сирењето, а исто така била воодушевена и од вкусот на плескавицата.  Ќебапите не ѝ се допаднале многу, па им дала осумка на скалата од еден до 10.

Меѓутоа, најинтересниот дел од видеото е оној кога Србинот ѝ дава на сопругата чаша ракија и ѝ вели да ја испие наеднаш. Тоа се случува на самиот крај на снимката, во 19-та минута.

Кога дошол на ред ајварот, Миа сепак не се воодушевила.  На крајот, како што рекла, нејзини фаворити се шопската и гибаницата, а не ѝ се допаднале гравот и ајварот.

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини