„Спутник V“ послабо реагира на јужноафриканскиот вид, но најдобро го неутрализира британскиот

Исто така, докажано е дека од сите вакцини што моментално се користат во светот, „Спутник V“ ... најдобро ја неутрализира варијантата што ја нарекуваме британска - рече Гинтсбург.

3,282

Руската вакцина „Спутник V“ е помалку ефикасна против јужноафриканската варијанта на ковид-19, но тој пад е помал отколку кај другите вакцини, изјави водечки научник од институтот што го разви производот.

– Кога станува збор за јужноафриканската варијанта, ефикасноста на антителата произведени од „Спутник V“ се намалува, како што е случајот со сите други вакцини – изјави Александар Гинтсбург за новинската агенција „Интерфакс“, пренесува „Ројтерс“.






„Спутник V“ беше тестиран во лабораториите во Соединетите држави за британскиот и јужноафриканскиот сој, како и за оригиналниот вид што првпат беше откриен во кинеската провинција Вухан, рече Гинтсбург во едно интервју.

Најдобро ја неутрализира британската варијанта

– Лабораториите користеле примероци на крв од луѓе заразени со ковид-19 во Аргентина – објасни Гинтсбург.

Тој додаде дека руските научници не учествувале во тие тестови.

– Иако одговорот на антителата кон јужноафриканската варијанта е послаб, тој пад е значително помал од падот на другите вакцини, рече Гинтсбург.

Резултатите од студијата на „Спутник V“ за коронавирусот од Вухан ги потврдија наодите направени од научници од неговиот тим во московскиот институт Гамалеја, рече тој.

– Исто така, докажано е дека од сите вакцини што моментално се користат во светот, „Спутник V“ … најдобро ја неутрализира варијантата што ја нарекуваме британска – рече Гинтсбург.

Поврзани содржини