СПРЕМАЈТЕ СЕ АКО ОДИТЕ БИТОЛА Slow wine 2022 ќе претстави над 40 млади винарии и 200 вински етикети

Винскиот салон во Битола ќе се одржи по четврти пат, веќе си го зазема своето место во културниот живот на градот. Исто како и со храната, луѓето сакаат да пробаат и вкусат домашни вина, различни етикети кои речиси и ги нема во маркетите, а паралелно и да ја чујат винската приказна на неуморните производители.

223

Организаторите на четвртиот по ред Slow wine 2022 Вински салон Битола, стасаа до крајот на одбројувањето, односно, до почетокот на овој настан кој веќе стана настан што се чека цела година.

А за да биде секогаш ново и интересно, организаторите, Слоу фуд Битола, повторно се на нова локација, не помалку интересна од минатогодишната, а тоа е фоајето и сцената на големата сала на Центарот за култура во овој град.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини