СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ ОД ТЕТОВО ВО КОСОВО 17.410 таблети, 970 ампули и 120 капсули

Во атарот на село Јажинце, тетовско, било забележано лице кое носело два поголеми пакета и не застанало на наредба на полициските службеници, велат од МВР.

379

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот Центар Север завчера во 19:50 часот спречиле обид за криумчарење на поголема количина разновидни лекови од Република Северна Македонија кон Косово, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

„Во атарот на село Јажинце, тетовско, било забележано лице кое носело два поголеми пакета и не застанало на наредба на полициските службеници. При преглед на теренот биле пронајдени пакетите кои содржеле разновидни лекови, од кои 17.410 таблети, 970 ампули и 120 капсули. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, посочуваат од МВР.

Поврзани содржини