Спречен шверц на кафе од Албанија (ФОТО)

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

354

На 28.11.2020 во 18.20 часот, при преземање службени дејствија во близина на државната граница со Република Албанија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато забележале три лица, кои откако ги забележале полициските службеници се дале во бегство на територија на Албанија.

– По извршениот преглед на теренот биле пронајдени осум вреќи со необработено кафе со вкупна тежина од 480 килограми – се вели во соопштението од МВР.






Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини