СПЕЦИЈАЛЕН ТРЕТМАН ЗА ШАМПИОНОТ Ѓоковиќ доби потврда дека е ослободен од вакцина
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе учествува на Австралија Опен.
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе учествува на Австралија Опен. Србинот на Инстаграм објави дека лета за Мелбурн.
Како што соопшти, добил медицинско ослободување од вакцинацијата против коронавирус.
Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари и ќе трае до 30 јануари.
Ѓоковиќ е актуелен и деветкратен шампион на Грен слем турнирот кој традиционално се игра во јануари секоја година.