СПЕЦИЈАЛЦИ ВО ЦИВИЛНА ОБЛЕКА СИНОЌА ВРШЕЛЕ ПОТКУП ВО КОЧАНИ, ОХРИД И ВО БИТОЛА? Стоилковски тврди дека власта предизборно ја злоупотребува Единицата за специјални задачи
Групи на доверливи лица од Единицата за интервенции се пратени од вчеравечер во цивилна облека и необележани возила на МВР, по една група во Кочани и во Охрид, додека две групи се во Битола, со задача да помогнат на партиските параполициски структури во теророт и поткупот врз населението, обвини Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Власта на Зоран Заев ја злоупотребува Единицата за специјални задачи во Министерството за внатрешни работи (МВР), па дел од специјалците вчеравечер во цивилна облека и со необележани возила на МВР биле испратени во Кочани, Охрид и во Битола за да помогнат на партиските параполициски структури во теророт и поткупот врз населението, реагираше денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
– Задачата и обуката на овие лица се да се справуваат со урбан тероризам и да се справуваат со екстремни групи. Прашањето е што тие би барале низ градовите во Македонија, каква е нивната улога во Охрид, во Битола и во Кочани? Несвојствено за Единица за специјални задачи кои по правило се униформа и ангажирани само кога има тероризам или други форми на екстремно насилство. Групи на доверливи лица од Единицата за интервенции се пратени од вчеравечер во цивилна облека и необележани возила на МВР, по една група во Кочани и во Охрид, додека две групи се во Битола, со задача да помогнат на партиските параполициски структури во теророт и поткупот врз населението. Состојбата во Битола е иста како онаа во Прилеп, за што информираме преку оние вибер информации коишто се направени од оние групи со кодни имиња ХХХ и групата 007, за што секојдневно информираме – рече Стоилковски.
Тој обвини дека овие структури во Битола се координирани од Васко Ковачевски.
– Според информациите доставени од свиркачи, таа група е предводена од тројца началници на СВР Битола, Славко Ј. Николче Ѓ. Вангел Б. Потоа во неа се и Горанче М. Ирена М. и уште десетина други полицајци, инспектори, полицајци од сообраќајната полиција, инспектори за кражби и други лица коишто се активисти и членови на СДСМ и партиската активност им е пред униформата, пред заштитата на законот. Во оваа битолска група предводена од Васко Ковачевски се и лица од битолското подземје познати како Шваба, Тарзан, Мики и други коишто користат луксузни возила со странски регистарски таблички за вршење на дејноста – заплашување, терор, подмитување со една цел задржување на локалната власт од страна на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ, заедно со сите докази и информации ќе ги извести за ова сите релевантни меѓународни институции, странските набљудувачи во изборниот процес, како и амбасадите на државите во Македонија, со барање за зголемена внимателност во овие градови, но и во другите региони за кои што имаме сознанија дека се врши терор врз населението, злоупотреба и на полициските служби за партиски интереси за спроведување на терор и поткуп, како и барање за поголема внимателност во последните денови пред изборите и молкот кога овие параполициски структури ќе бидат најактивни. Сепак граѓаните не се плашат, никој повеќе не им се плаши, така и овие информации и докази стигнуваат до тука, до нас, до ВМРО-ДПМНЕ, до опозицијата. Уште еднаш, повикуваме на што помасовна излезност за што побрзо да се стави крај на овој сериозно криминоген и недемократски режим. Нема полошо од СДСМ за Македонија – рече Стоилковски.