СПАСИЛ МАЛОЛЕТНИК ОД БАНДА НАСИЛНИЦИ, ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА Херојски подвиг на 61-годишен Скопјанец
Од ударите Скопјанецот добил тешки повреди, така што бил принуден да побара лекарска помош во здравствена установа.
Херојски подвиг на 61-годишен Скопјанец за малку ќе завршеше трагично. Шетајќи во неделата вечера во центарот на Скопје тој забележал како група малолетници се нафрлиле со клоци, тупаници, но и со тврди предмети, врз едно момче. Скопјанецот решил да се вмеша и да го спаси момчето и успеал некако да ги разбрка напаѓачите. Но, малку подоцна, двајца од насилниците се вратиле и го нападнале ненадејно. Од ударите Скопјанецот добил тешки повреди, така што бил принуден да побара лекарска помош во здравствена установа.
Вчера попладне Б.Д.(61) од Скопје го пријавил случајот во полициска станица, и според билтенот на МВР, полицијата презема мерки за откривање на сторителите.