Спасовски – Курти: Да ги координираме мерките за заштита на здравјето на граѓаните

586

Премиерот Оливер Спасовски денеска имаше телефонски разговор со косовскиот премиер Албин Курти, кој на премиерот Спасовски му изрази честитки и поддршка за начинот на кој земјата се справува со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, информира владата.

Двајцата премиери разговараа за можностите за координирано справување со последиците од пандемијата на ковид-19 и во корист на здравјето на граѓаните, за рестартирање на економијата и за зајакнување на деловните врски меѓу Косово и Македонија во нови услови, како и за усогласување на мерките за нормализација на комуникацијата во сите области меѓу двете земји во наредниот период.






Во разговорот меѓу премиерите Спасовски и Курти е потенцирана согласноста дека брзата интеграција во ЕУ на сите држави од Западен Балкан, како и интензивната регионална соработка се темел на развојот, сигурноста и иднината на регионот.

 

Поврзани содржини