СОВЕТОТ НА СКОПЈЕ ФУНКЦИОНИРА КАКО РОГОВИ ВО ВРЕЌА Данела не доаѓа на Седници, Трајко ги одложува

Арсовска не е присутна, а треба да е тука и да одговори на прашањата на граѓаните, не е тука кога треба да се зборува за проблемите на граѓаните, не е тука кога се носи буџет или ребаланс на буџет, не е тука ни дури кога таа предлага свои точки да ги образложи и да каже што бара од овој совет – истакна советничката Андоновска.

317

Срамно и неодговорно е однесувањето на претседателот на Советот Трајко Славески, кој своеволно ја одложи седницата на Советот на Град Скопје, на која требаше да се гласа за проекти кои се од клучно значење за скопјани – обвини денеска во соопштение администрацијата на Град Скопје.

Наместо да се разговара за капитални проекти, Славески ја прекина и ја одложи седницата на која требаше да се најдат неколку круцијални инфраструктурни проекти, проекти кои значително ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните на Скопје во неколку населби ширум градот.






Славески веројатно чекајќи инструкции од својот партиски шеф денес го блокираше рамномерниот равој на градот кој самиот го промовираше шетајќи од врата до врата со програмата „За Модерно Скопје” на градоначалничката Данела Арсовска.

ВМРО-ДПМНЕ денес ја попречи реконструкцијата на улицата Калош Дани која е руинирана, а по која секојденво транзитираат илјадници жители на населбата Момин Поток

Славески и ВМРО-ДПМНЕ ги оштетија и карпошани со блокадата на работата на Советот имајќи во предвид дека денес советниците требаше да гласаат за изградба на две новопланирани улици 1 и 4 и изградба на мега парк во општина Карпош.

Чучер-Сандево, кое повеќе од 30 години е заборавено од сите градски администрации, нема да добие реконструирана водоводна и нова фекална мрежа и реконструкција на улици во местата Кучевишка Бара и Бел Камен само поради личните хирови на Славески.

Апелираме до Мицкоски навреме да им ги каже инструкциите на своите советници кои очигледно без негов амин не знаат како да гласаат кога станува збор за клучни инфраструктурни проекти во градот. На овој начин граѓаните барем ќе бидат свесни и ќе знаат кој работи во нивен интерес, а кој исклучиво гледајќи го тесно-партискиот и личниот бизнис интерес“ се вели во соопштението од Одделение за односи со јавност при Град Скопје

Според советничката од ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска, рече дека на седницата на Советот на Град Скопје наменета за советнички прашања на се појавила градоначалничката Данела Арсовска.

Андоновска од говорницата праша што е поважно за Арсовска од нејзината обврска да работи за Скопје и скопјани, и зошто не е присутна да одговара за проблемите и прашањата од граѓаните.

– Денеска треба да имаме две седници, едната е за советнички прашања, а другата редовна седница на Советот на Град Скопје. Како што се гледа, не знам која е по ред оваа седница за советнички прашања, каде што градоначалничката не е присутна во салата. Тоа значи дека Арсовска не е заинтересирана да одговори на прашањата кои ги имаат граѓаните, а тоа е нејзина должност и обврска – изјави советничката Андоновска на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Антоновска прашува како Арсовска планира да го направи овој град поубав и модерен, како планира да ги исполни ветувањата кога не е присутна на Советот да зборува за проблемите кои го мачат Скопје и скопјани.

– Арсовска не е присутна, а треба да е тука и да одговори на прашањата на граѓаните, не е тука кога треба да се зборува за проблемите на граѓаните, не е тука кога се носи буџет или ребаланс на буџет, не е тука ни дури кога таа предлага свои точки да ги образложи и да каже што бара од овој совет – истакна Андоновска.

Таа нагласи дека во Советот не може да се работи без Арсовска да биде присутна и да одговори транспарентно за одлуките.

– Арсовска треба да одговори на граѓаните, треба да биде тука за да може да се донесат решенија. Не може да се носат решенија без да биде присутна и да ги образложи, да се најде решенија, проблемите да се решат. Планира ли да почне оваа градоначалничка да ги спроведува ветувањата? Советот е блокиран од градоначалничката – нагласи советничката Андоновска.

 

Поврзани содржини