Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Сериозно сме загрижени за здравјето на Шилегов
Како советничка група сериозно сме загрижени за здравјето на градоначалникот Шилегов, предлагаме сериозно да си поработи на своето ментално здравје. Сепак здравјето пред сè, а слоганот седи дома, може буквално треба да го примени и овој функционер, наведено е во соопштението.
Згрозени сме од вокабуларот и навреди кои ги упати до нас како прв човек на Град Скопје. Таму тој се изрази со тешки навреди кон Владо Мисајловски нарекувајќи го хоштаплер, неписмен и шарлатан, наведено е во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
„Зарем ова е речникот и нивото на првиот човек на Град Скопје? Денес јавноста имаше можност и навистина да го види вистинското лице на Шилегов нешто за кое ние говоревме многупати. Може да се заклучи дека овој човек има навистина проблем со вистината. Скопје наместо градски татко, доби градски татко кој во својот речник употребува нај недолични и навредливи зборови какви досега нема изговорено ниту еден политичар. Како советничка група сериозно сме загрижени за здравјето на градоначалникот Шилегов, предлагаме сериозно да си поработи на своето ментално здравје. Сепак здравјето пред сè, а слоганот седи дома, може буквално треба да го примени и овој функционер. Фактите говорат дека Петре Шилегов е единствено рекордер не по работа туку по најскапо платената трева во светот, дури поскапо од таа на Вимболдон. Секогаш кога има недостаток на аргументи Шилегов преоѓа на навреди. Тоа е елементарна култура која се стекнува во првите години од животот. Очигледно и за жал на скопјани, Шилегов ги прескокнал тие лекции. Скопјани заслужуваат многу повеќе“, се вели во соопштението.