Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Промената на имињата на улиците ќе падне на суд
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесе иницијатива по судски пат да биде укината оваа противправна одлука на Шилегов.
Петре Шилегов направи противзаконска промена на имињата на улиците. Согласно Законот за именување на улици, мостови и инфраструктурни проекти ваква промена не е можна 6 месеци пред оддржување на избори и една година пред оддржување на попис. Со ова Шилегов брутално го прегази законот. Воедно ја наруши и процедурата на носење на измените, ниту пак е дадена согласност од општините која е неопходна согласно законот, вели советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и најави дека ќе поднесе иницијатива по судски пат да биде укината оваа, како што велат, противправна одлука на Шилегов.
– Воедно оваа одлука на Шилегов значи и минимум 100 евра нова давачка на компаниите чие име на адреса се менува согласно новите одлуки на Советот. Со тоа Шилегов во едни тешки услови на здравствена и економска криза наметнува нови давачки и арач за грѓаните. Ова е недозволиво насилие кое нема да помине – вели ВМРО-ДПМНЕ.