СОПРУГАТА НА СЕРГЕЈ ТРИФУНОВИЌ Ѝ ПЛАТИ КАЗНА НА СРБИЈА Исидора морала да ја плати оваа сума по пријавата на актерот
Исидора Мијановиќ е казнета поради нелегален престој во Србија.
Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ ја пријави својата сопруга Исидора Трифуновиќ за семејно насилство. Полицијата веднаш реагирала и дошла во нивниот стан, а по разговорот со нив во полициската станица, обвинителот изјавил дека нема елементи на кривично дело.
Да потсетиме, хаосот започнал кога тој се врати од промоцијата на Сајси МС, а која се одржала на истото место каде што ќе одржи концерт во чест на Бори Чорба, а претходно не и кажа каде оди, ниту дали и одговори на телефонот. Потоа наводно и рекол дека сака развод, па настанал хаос. Како што прво објави српски „Курир“, Сергеј наводно рекол дека се скарал со сопругата, дека сака развод и дека ќе го напушти станот, па настанал хаос. Таа потоа се заканувала дека ќе искрши сè во куќата – вели изворот и додава дека за сè било известено Второто основно јавно обвинителство.
Но, обвинителот на Второто основно јавно обвинителство рекол дека нема елементи за кривично дело од областа на семејното насилство.
Исидора, со оглед на тоа што е државјанка на Хрватска, е осудена според Законот за странци на парична казна за нелегален престој во Србија, а таа ја платила паричната казна.
Како што пренесуваат српските медиуми, Исидора платила казна од 20.000 динари.
– Исидора е осудена на парична казна од 20.000 динари, која веднаш ја платила. Не верувам дека ќе ја напуштат државата, нивниот однос е таков, денес се добри, утре не. Сепак, тие се сакаат – изјавил изворот за „Телеграф“.
Инаку, според Законот 27 за странци, за непријавување на живеалиште е предвидена казна од 10.000 – 50.000 динари.