📽️ СОПРУГА ОБВИНИ ПОЗНАТ ФУДБАЛЕР ЗА НАСИЛСТВО Објавени грозоморни видеа каде тој пијан ја тепа во лифт, а таа вреска од став за својот живот

Со Кристијан бевме во врска 13 години, а сите тие 13 години трпев физичко и психичко малтретирање, рекла Памела и додала дека едно од нивните три деца често присуствувало на малтретирањето.

1,730

Памела Лопез, сопруга на фудбалерот Кристијан Куева, го обвини перуанскиот репрезентативец за семејно насилство.

Памела на перуанската телевизија откри дека со години трпела физичко и психичко малтретирање, за веднаш по емисијата да одржи прес-конференција и да прикаже шокантни видеа од тепањето.






– Со Кристијан бевме во врска 13 години, а сите тие 13 години трпев физичко и психичко малтретирање – рекла Памела и додала дека едно од нивните три деца често присуствувало на малтретирањето.

Таа изјавила и дека се плаши за својот живот.

– Тој има такви пријатели. Се плашам за мојот живот и животот на моите деца. Повеќе не го препознавам – рекла Памела.

Таа ги откри и деталите од нападите кои се гледаат на видеата и додаде дека Куева ја нападнал под дејство на алкохол.

– Го нападнав за неверство, по што почна да ме тепа во лифт. Не можев да дишам бидејќи ја држеше раката на моето лице и ме стисна за вратот. Се плашев за својот живот – рекла Памела и додала дека еднаш била претепана на роденденската прослава.

 

Адвокатот на Памела Лопез рече дека другите случаи на физичка и психолошка агресија се многу полоши од насилството што се гледа на двете видеа. Врската траела 13 години бидејќи, како што вели неговата поранешна сопруга, Куева ги користела децата за да манипулира со неа.

Памела Лопез и Кристијан Куева се разделија во првата половина од годината.

Кристијан Куева играше за Перу на Копа Америка во јули и на Светското првенство во Русија 2018 година. Во моментов игра за перуанскиот Сенсиано.

Засега тој не ги коментираше обвинувањата на сопругата.

Поврзани содржини