Сообраќајка во Лисиче, повреден е мотоциклист (ФОТО)
Како што за Плусинфо изјавија полицајците на терен, возачот на моторот бил добар и комуникативен, ама е однесен во болница на испитување.
Сообраќајна несреќа се случи пред еден час во скопската населба Лисиче на булеварот „Дванаесетта македонска ударна бригада“ кога се судрија мопед и автомобил. На лице место веднаш пристигна екипа на Брза помош и го однесе во болница повредениот мотоциклист.
Засега не се познати причините за несреќата, а на местото е екипа на сообраќајната полиција која го обезбедува местото и се чека да се изврши увид.
Како што за Плусинфо изјавија полицајците на терен, возачот на моторот бил добар и комуникативен, ама е однесен во болница на испитување.