Сообраќајна несреќа се случи попладнево на патот Скопје-Велес. Засега нема информации како дошло до незгодата ниту дали има повредени.
„Според фотографиите кои што ни ги испратија, читателите кои во тој момент се враќаат накај Велес, „голф 5“ со велешки регистрарски таблици е превртен на десната коловозна лента. Сообраќајот се одвива отежнато и по една коловозна лента, објави порталот Батали.нет.
Засега нема информации колку патници биле во возилото и дали има повредени.