Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во претпладневните часови понекаде со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје утрово со појава на магла и ниска облачност, а од пладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
Преку ноќта ветерот намали и само се задржа умерен северен ветер на повисоко на североистокот. Понекаде и особено на западот и Повардарието се појави ниска облачност, а магла имаше во Струмичко и таа сега е послаба. Утрово на југозападот и на југоистокот преовладува сончево време.