СОЛЗИТЕ ПОСИЛНИ ОД СИТЕ ЗБОРОВИ Сириец загуби 12 члена на семејството (ВИДЕО)
На социјалните мрежи постојано се објавуваат фотографија и видео-снимки од спасувања, како и од луѓе кои изгубиле најблиски, па дури и цели семејства.
По разорниот земјотрес што ги погоди Туркије и Сирија во понеделникот, спасувачите се обидуваат да извлечат што е можно повеќе преживеани од урнатините, додека целиот свет е сведок на страшни и шокантни сцени, благодарение на социјалните мрежи на кои постојано се објавуваат фотографија и видео-снимки од спасувања, како и луѓе кои изгубиле најблиски, па дури и цели семејства во катастрофата.
Едно објавено видео од Сириец, кој во страшниот земјотрес загубил 12 членови на семејството. не остави никого рамнодушен. Иако на може да се разбере што точно зборува човекот, солзите доволно говорат за каква тага станува збор.
– Ова не скрши. Господ ни го скрши грбот. Бевме добро семејство пред Господ. Господе, помогни ни – едвај успеа да каже овој човек, скршен со болка за загинатите членови на неговото семејство.
Под видеото се објавуват многубројни коментари за поддршка и сочувство од корисниците, изразувајќи ги својот шок и тага.
This brother has lost 12 members of his family in the earthquake.💔😥 #PrayForTurkey #Turkey #HelpTurkey #Turkey #earthquakeinturkey #Syria #syriaearthquake pic.twitter.com/DEyRI2l9TV
— New Europe Observation (@new_observation) February 8, 2023