Социјалните мрежи ја покажаа својата добра страна
Овој пат, заедно со растечката свест на луѓето, колку само социјалните мрежи се покажуваат како корисни. Да ги немаше во оваа ситуација, светот ќе беше далеку попарализиран, помалку информиран, поисплашен и секој ќе беше многу поосамен.
Навикнати сме за социјалните мрежи да зборуваме дека се имаат претворено во еден деструктивен елемент, извор на омраза и лажни вести, ширач на паники и стравови.
Но, погледнете овој пат, заедно со растечката свест на луѓето, колку само социјалните мрежи се покажуваат како корисни.
Да ги немаше во оваа ситуација, светот ќе беше далеку попарализиран, помалку информиран, поисплашен и секој ќе беше многу поосамен.
Сите полека како да сфативме за што овој инструмент всушност користи, а за што не треба да се злоупотребува. И хајтери и ширачи на омраза ќе има секогаш, но денес никој нема намера да ги толерира, зашто денес луѓето учат што е важно, а што е споредно, или пак штетно.
Мислам дека од оваа работа ќе се излезе, но ќе треба да излеземе попаметни, со големи промени – и ќе се излезе со вистина и со вистински напори.
Кој глуми или пак прави штети, утре ќе биде казнет од средината, а се надевам и од законот.
Продолжете ведро и свесно.