СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ ЗА СУДСКИ СОВЕТ Текстот предвидува клучни новини во согласност со препораките на ЕУ

Овој закон ја поставува основата за силен, независен и транспарентен Судски совет, со цел да ја зајакнеме довербата на граѓаните во судството, информира Министерството за правда набројувајќи ги новините во новиот закон кои, како што велат, се во согласност со препораките на ЕУ.

323

Со 73 гласови ,,за“ и 1 „воздржан“ Собранието го донесе Предлог Законот за Судски совет.

„Овој закон ја поставува основата за силен, независен и транспарентен Судски совет, со цел да ја зајакнеме довербата на граѓаните во судството“, информира Министерството за правда.






Клучните новини кои ги предвидува законот, според Министерството, се следните:

Јавност во постапката за разрешување на претседател на Советот.

Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.

Јавна расправа при избор на кандидати за не-судски членови за поголема транспарентност.

Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови од редот на судиите.

Јасни правила за дисциплинска одговорност на судиите и членовите на Советот.

Обврска за образложени одлуки при избор и утврдување одговорност на судиите.

Рокови за преземање дејствија и прецизирање на постапката за жалба против одлуки на Советот.

Бројни други решенија во согласност со препораките на ЕУ.

„Со реформите што ги преземаме, Судскиот совет ќе биде силен гарант за владеење на правото и доверба во судството“, посочуваат од Министерството за правда.

Поврзани содржини