СО ВОЗИЛА НА АРМ И СО ПОГРЕБНИ КОЛИ ЌЕ СЕ НОСАТ НА ОБДУКЦИЈА Роднините бараат веднаш да им се предадат телата

Роднини и блиски на починатите се противат на ваквата одлука и спонтано го блокираа влезот во болницата.

561

Во Општата болница во Кочани пристигнуваат триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата на загинатите на обдукција во Скопје, јави дописникот на МИА од Кочани.

Роднини и блиски на починатите се противат на ваквата одлука и спонтано го блокираа влезот во болницата. Дел од родителите чии деца загинале во пожарот во дискотеката бараат нивните тела да им бидат предадени веднаш за да ги погребаат.






Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека мора да се изврши обдукација на секое починато лице.

– Починати лица има во повеќе болници. По идентификацијата ќе бидат однесени на одбукција во Скопје – рече тој.

Поврзани содржини