СО ВКЛУЧУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ Бугарија се откажува од фразата „еден народ, две држави“?!
Министерот вели дека тоа е на линија на ставот дека во Македонија има други заедници, така што земјата нема проблем да ги вметнеме, исто како и хрватската и другите заедници, но тоа ќе се случи кога ќе се отвори Уставот заради членството на Македонија во Европската унија.
Единствената пречка на нашиот интегративен пат е Бугарија, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање поврзани со условите кои вчера ги даде претседателот Радев.
– Дозволете да ги објаснам петте точки кои ги разговараме цело време. Тоа се краткото име, говорот на омраза, работата на историската комисија, правата на малцинствата и немешањето во внатрешните уредувања на двете земји. Шестата точка е вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија. За нас, тоа не е спротивно на нашите интереси – вели Османи и додава дека тоа значи дека Бугарите се поместуваат од фразата „еден народ, две држави“.
Министерот вели дека тоа е на линија на ставот дека во Македонија има други заедници, така што земјата нема проблем да ги вметнеме, исто како и хрватската и другите заедници, но тоа ќе се случи кога ќе се отвори Уставот заради членството на Македонија во Европската унија.
Во однос на тоа дали би дошло до реципроцитет и Македонците би биле вметнати во Уставот и пописот на Бугарија, Османи вели дека тоа не е можно, затоа што тие не признаваат организирање на етничка основа, согласно нивниот Устав.
– Тие не препознаваат други заедници според етничката припадност. Па така тие ниту имаат турска заедница, ниту каква било друга, затоа што уставното уредување така наложува, што за разлика од кај нас тоа не е така. Затоа таквиот реципроцитет не е можен, а Македонија со договорот се има обврзано дека нема да се меша во внатрешното уредување на Бугарија – вели Османи.