Сојузниот суд во САД одобри објавување на книгата на Болтон

Пресудата значи дека во изборна година ќе бидат објавени мемоари во кои Болтон не дава позитивна слика за надворешната политика на Трамп во текот на турбулентната година и половина, колку што тој беше советник за национална безбедност.

203

Сојузен суд во САД денеска донесе одлука дека може да се објави книгата на поранешниот американски советник за безбедност Џон Болтон, и покрај обидот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја блокира, поради загриженост дека јавноста ќе има пристап до доверливи информации.

Одлуката на окружниот судија Ројс Ламберт претставува победа за Болтон во случајот во кој се спротивставија правата од Првиот амандман на американскиот Устав и загриженоста за безбедноста, оценуваат американските медиуми.






Пресудата значи дека во изборна година ќе бидат објавени мемоари во кои Болтон не дава позитивна слика за надворешната политика на Трамп во текот на турбулентната година и половина, колку што тој беше советник за национална безбедност.

Поврзани содржини