СО „ШВЕРЦ“ ГО ПРЕЛЕТАЛА ЦЕЛ СВЕТ Американка без билет летала со авиони, сепак доби три години затвор

Жената со години успевала да се качи на авиони во Чикаго, до Копенхаген, Париз, Сан Франциско, Хаваи, Флорида и други места без билет. Таа за тоа се извини на суд, велејќи дека со години се бори со депресија.

1,096

Жена која со години успевала да избегнува проверки на аеродром, се качувала во авиони без билет и сѐ тоа ѝ успевало, вчера е осудена на три и пол години затвор за случајот од 2019 година на аеродромот во Чикаго.

Мерилин Хартман од САД, родена 1950 или ’51 година, се изјасни за виновна за измама и избегнување електронски надзор на кој била подложена во психијатриска болница. Таа доби осумнаесет месеци за прекршокот и две години за бегство. Во замена за признавање на вината, обвинителите се согласија да ја ослободат од обвиненијата за други дела. Казната нема да ја одлежи бидејќи во неа спаѓаат и двете години електронски надзор в болница, иако ги избегнала, па сега ќе продолжи со лекувањето.






Таа со години успевала да се качи на авиони во Чикаго, до Копенхаген, Париз, Сан Франциско, Хаваи, Флорида и други места без билет. Таа за тоа се извини на суд, велејќи дека со години се бори со депресија.

Поврзани содржини