СО „ШКОДА“ УДРИЛ МАЛОЛЕТНИК КАЈ КЛИНИЧКИ И ПОБЕГНАЛ Пешакот се здобил со тешки повреди

Во несреќата, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот, се вели во полицискиот билтен.

607

Возач со патничка „шкода“ удрил во малолетник на паркинг простор во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен на 24 март, во понеделик, околу 10 часот во СВР Скопје.

„Во несреќата, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, се вели во полицискиот билтен.

Поврзани содржини