СО МОТОР ВЛЕЧЕЛЕ 12-ГОДИШНО ДЕТЕ ПО КОЛОВОЗ Насилник го фатил детето за рака, а возачот продолжил да вози
Насилството во полиција го пријавил дедото на детето.
Двајца возрасни со мотор влечеле 12-годишно дете во скопската населба Драчево.
Насилството во полиција го пријавил дедото на детето.
„На 25.5.2026 околу 14 часот во СВР Скопје Б.С.(71) од Скопје пријави дека на неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица на подрачјето на Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице, на кој сопатник бил А.Х.(18) од Скопје, кого го познавал. Потоа А.Х. го фатил детето за рака, а возачот на моторот продолжил да вози. Детето паднало и било влечено по улицата“, соопшти полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се додава во соопшението.