СО ГРЦИТЕ НЕ РАЗГОВАРАМЕ Ердоган е лут на сојузникот од НАТО

Иако и двете земји долго време се сојузници во НАТО, Грција и Турција имаат голем број на нерешени прашања, како што се морските граници, обемот на континенталните појаси, воздушниот простор и етнички поделениот Кипар.

246

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека дипломатите на неговата земја повеќе не водат преговори со претставниците на Грција.

Дијалогот на Анкара и на Атина е во застој по повторното покренување на разговорите кон крајот на минатата година, кога се јави потреба да се преговара по тензиите во Источниот Медитеран и спорењето околу територијалните води на двете земји.






Ердоган минатата недела истакна дека за него веќе не постои грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој се обидува ја блокира продажбата на авионите Ф-16 на Турција од САД.

Иако и двете земји долго време се сојузници во НАТО, Грција и Турција имаат голем број на нерешени прашања, како што се морските граници, обемот на континенталните појаси, воздушниот простор и етнички поделениот Кипар.

Поврзани содржини
na