СО „ГОЛФ“ УДРИЛ ВО ДЕВОЈКА, ПА ИЗБЕГАЛ Две сообраќајки го потресоа Куманово

На 30 септември во СВР Куманово било пријавено дека на булевар Трета македонска ударна бригада, патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 18-годишник од село Никуштак, општина Липково, удрило во 21-годишна девојка од Куманово, по што го напуштило местото на настанот.

291

Две сериозни сообраќајни несреќи се случиле во околината на Куманово и во Куманово, автомобил „мерцедес“ излетал од регионалниот пат Куманово – Свети Николе, при што возачот бил тешко повреден, и автомобил „фолксваген голф“ во Куманово удрил девојка која се здобила со тешки телесни повреди.

„Денеска (01.10.2024) во 00.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај надвозникот кај с.Проевце, кумановско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(18) од Куманово, излетало надвор од коловозот.






Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од село Кучкарево, кумановско, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 30.09.2024 во 20.38 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул. Трета македонска ударна бригада, патничко возило ‘фолксваген голф’, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(18) од село Никуштак, општина Липково, удрило во Е.Р.(21) од Куманово, по што го напуштило местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Р. констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот“, соопшти Министерството за внатрешни работи

Поврзани содржини
na