Со доградбата на училиштето, ќе се укине третата смена во ООУ „Лазо Ангеловски“

441

Со одлична динамика се одвива доградбата во рамките на училиштето „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче. Ова денеска го констатира градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, при увидот во градежните активности.

– Изградбата на новите училници е од исклучителна важност за учениците, бидејќи не само што ќе се прошири капацитетот на училиштето туку и ќе се реши деценискиот проблем, а тоа е укинувањето на третата смена –  изјави градоначалникот Марин.






Проектот предвидува изградба на приземје и кат со вкупна површина од 390 м2, хол, канцеларии и санитарни јазли, што ќе бидат поврзани со веќе постојниот објект на училиштето.

 

Поврзани содржини