СО БИХАЌКА УПРАВУВА РЕЧИЦА Мицкоски вели дека Ковачевски и Пендаровски се киднапирани од ДУИ

Според Мицкоски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски се киднапирани од ДУИ, а дека Македонија ќе оди напред кога ќе се прочистат сите трули и заостанати делови на сидрото на СДС и ДУИ.

283

Христијан Мицкоски, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва од Кавадарци, порача дека премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски се киднапирани од ДУИ, а дека Македонија ќе оди напред кога ќе се прочистат сите трули и заостанати делови на сидрото на СДС и ДУИ.

– Имаме власт која е во распаѓање, тотална анархија во институциите. Премиер кој наутро си пишува оставка и вели доста е, не можел да го издржи притисокот. Попладне доделува тендери, а навечер говори за тоа како ќе ја спасел Македонија и ќе ја внел во Европската Унија. Ниту неговото членство во него не гледа сериозен фактор, затоа што тие и не знаат кој вистински им ја води партијата. Но, да бидам искрен, кој и да е, едно е сигурно, најголемото влијание во СДС има и со Бихаќка управува Речица. СДС е киднапирана партија и слуга на вистинскиот и најголем партнер во владата, а тоа е ДУИ која 20 години е власт и со тек на годините станаа криминализирана група силно вмрежена и ухлебена во државните институции – истакна Мицкоски на панел-дискусијата.






Тој спомна и дека претседателот Пендаровски често ги менувал ставовите и дека исто така е киднапиран.

– Па од Пендаровски јавно интервјуа, неговите настапи по телевизиите ќе слушнете за француски предлог дека не го прифаќа, но затоа на маса кога го седнаа без двоумење веднаш го прифати истиот предлог. На интервјуа имаше и тој сомнежи за договорите за Коридорите 8 и 10 д, но на маса ги потпиша сите закони и ги прати во Собрание. ДУИ не само што ги киднапира институциите туку во заложништво го држи СДС и Пендаровски. Фали, уште она како на вицот „трепнете двапати да не сте киднапирани“ – појасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој порача и дека на најавената лидерска средба со премиерот Димитар Ковачевски нема да прифати уставни измени и бугарски диктат.

– И ви кажувам дека уставни измени под бугарски диктат и под овие околности нема да има. Овие работи кои сега ги говорам истите ќе ги кажам и на лидерската средба која од власта најавуваат дека ќе се случи – рече тој.

 

Поврзани содржини