СНИМКА ОД БРКОТНИЦА ОД УЛИЦИТЕ НА ЊУЈОРК Украл автобус, па направил хаос (ВИДЕО)
Во едното возило имаше жена. Да не ја извлечеше полицаецот, ќе беше мртва. По првиот удар полицаецот ја извлекол, а автобусот потоа продолжил да удира во возилото обидувајќи се да побегне, тврди очевидец.
Полицијата води истрага против маж осомничен дека вчера украл училишен автобус во Њујорк и удрил во најмалку 15 паркирани возила пред конечно да биде совладан.
Инцидентот во кој најмалку четири лица се полесно повредени се случил во четвртокот околу 15 часот, а полицијата го бркала крадецот низ неколку блокови, додека конечно не го совладала на една раскрсница.
Ентони Рејес (43) е обвинет за тешка кражба, загрозување на сообраќајот, незаконско возење и други кривични дела.
Пред конечно да биде запрен, Рејес оштетил неколку автомобили паркирани на улицата. Очевидец вели дека автобусот удрил во секој автомобил.
– Во едното возило имаше жена. Да не ја извлечеше полицаецот, ќе беше мртва. По првиот удар полицаецот ја извлекол, а автобусот потоа продолжил да удира во возилото обидувајќи се да побегне – тврди очевидецот.
Во автобусот за среќа немало деца, но во возилата во кои удрил возачот на училишниот автобус имало луѓе.
– Го удри мојот автомобил, мислам дека не сум повреден, сè уште ми паѓа адреналинот, па не знам – вели Рејмонд Џонсон, кој се нашол на патеката на лудиот возач.
Полицијата го задржала Рејес со тејзер, по што тој бил префрлен во блиската болница.
Според нив, Рејес бил апсен 12 пати претходно, најмалку еднаш за кражба. Тој беше пуштен на условна слобода во март 2020 година.