📽️ СНИМЕН МОМЕНТОТ НА СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО КИНА Вработен во позната хемиска фабрика бегаше од пламените јазици

На местото на несреќата се испратени 55 возила на итната помош и 232 спасувачи, соопшти кинеското Министерство за управување со итни ситуации.

502

Најмалку пет лица загинаа, а 19 се повредени во денешната експлозија што се случи во се случи во хемиската фабрика „Шандонг Јудао Хемикал“ во градот Вејфанг, во покраината Шандонг, источна Кина. Според агенцијата Некста, која сподели снимка од експлозијата, се работи за фабриката која е најголем произведувач на пестицидот хлорпирифос во светот.

На една од снимките е прикажан вработен човек кој трча да се спаси додека се случува трагичниот настан.






На местото на несреќата се испратени 55 возила на итната помош и 232 спасувачи, соопшти кинеското Министерство за управување со итни ситуации.

Канцеларијата за заштита на животната средина во Вејфанг испрати персонал да спроведе тестови на местото на експлозијата и им советуваше на жителите да носат маски за лице.

„Шандонг Јудао Кемикал“ со 300 вработени е во сопственост на „Химиле Груп“. Компанијата развива, произведува и продава технологија за пестициди, фармацевтски производи и сродни хемиски меѓупроизводи.

 

Поврзани содржини