Снежната покривка на Попова Шапка достигна 40 сантиметри

Во Лазарополе снежната покривака е 23, а во Маврово 13 сантиметри.

224

Највисока снежна покривка од 40 сантиметри утрово има на Попова Шапка, во Лазарополе 23 и во Маврово 13 сантиметри, информира УХМР.

Температурите секаде се над нулата, освен во Лазарополе каде што е измерено минус еден степен. Во Скопје е пет степени над нулата, во Охрид шест, Битола седум, а најтопло е во Штип со осум степени.






Во текот на ноќта беше облачно, во северозападните делови со врнежи од дожд, на планините од снег. Утрово врнежите се проширени во западните и северните делови од земјава. На повеќе места се уште дува главно умерен ветер од јужен правец. Во Скопската Котлина правецот на ветерот се смени во северен.

Поврзани содржини