Снегот во Мадрид направи штета од 1,4 милијарди евра

Поради бурата „Филомена“, Мадрид беше парализиран од снегот, а температурата падна на рекордни -36 степени. Тоа беше првиот снег во Мадрид во изминатите 10 години и нападна околу половина метар

305

Штетата што ја претрпе главниот град на Шпанија од незапамтеното количество снег минатиот викенд е најмалку 1,4 милијарди евра, објавија денеска градските власти на прес-конференција.

– Тоа е само прелиминарна проценка. Очекуваме сумата да се зголеми – изјави заменик-градоначалникот Брегон Виласис, во присуство на градоначалникот Хозе Луис Мартинез-Алмеиди.






Поради бурата „Филомена“, Мадрид беше парализиран од снегот, а температурата падна на рекордни -36 степени. Тоа беше првиот снег во Мадрид во изминатите 10 години и нападна околу половина метар.

Главниот град на Шпанија не регистрирал толку снег во изминатите 50 години.

Поврзани содржини