Смртноста од ковид-19 зголемена за 35.4 отсто, Скопје и натаму со најмногу заболени

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1646, 22,4 отсто.

505

За периодот од 9 до 15 ноември 2020 година, тестирани се вкупно 20.980 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,4 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.355 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со незначително зголемување во однос на минатата недела, кога беа регистрирани 7.280 нови случаи, информира Институтот за јавно здравје.

Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје (n=3.305; 44,9 отсто), со неделна инциденца – 535,1/100.000. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 35 отсто, намалување за 2 отсто во однос на минатата недела.






Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1646, 22,4 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (n=1496; 20,3 отсто), 40-49 (n=1435; 19,5 отсто), 50-59 (n=1410; 19,2 отсто) и 20-29 (n=961; 13,1 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=120; 1,6 отсто) и 10-19 години (n=287; 3,9 отсто). Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.731 (50,7 отсто) лица од машки и 3.624 (49,3 отсто) од женски пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.524 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 11.6 отсто повеќе од минатата недела.

Пријавени се 172 смртни случаи од 23 града, зголемување од 35,4 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 135 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и два случаи во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 155 или 90,1 отсто.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со ковид-19 за периодот од 9 до 15.11.2020 г. како и кумулативната состојба со ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Поврзани содржини