Роми Вилсент од Хаити, живеел со својот татко во Њујорк, каде што мајка му го испратила да има подобар живот. Момчето одело во петто одделение во државно училиште и, според неговото семејство, било честа мета на напади на училишните насилници.
Братучед на Вилсент рекол дека двајца ученици го нападнале Роми, додека третиот му платил на еден од насилниците 1 долар за да го удри во главата.
„Ми рече дека тоа го пријавил, не сум сигурен дали кај наставникот или кај директорот и дека тогаш директорот го прашал ученикот кој му рекол дека добил долар за тоа да го направи“, рекол роднината.
Роми бил тепан два дена по ред и семејството го пријавило случајот во полиција. Во тој момент Вилсант веќе повраќал и му било толку лошо, поради што бил пренесен во болницата каде и починал.
Полицијата сега ја истражува неговата смрт и обвинувањата за насилничкото однесување во училиштето.
Таткото на Вилсент рекол дека неговиот син му се јавил по нападот и дека му рекол дека многу го боли главата и дека ученик силно го удрил во задниот дел од главата, пренесува „Њујорк пост“.
Момчето се преселило во Америка во 2017 година, каде живеело со неговиот татко, двете сестри и роднини. Неговата мајка и трите сестри живеат на Хаити.
Во меѓувреме, Министерството за образование го опиша инцидентот како „страшна трагедија“.
– Ова е ужасна трагедија, нашите мисли се со семејството во ова многу тешко време. Безбедноста на младите е наш апсолутен приоритет и овој инцидент ќе биде детално испитан. Ќе пружиме поддршка и за семејството и за училишната заедница – ветил портпаролот на Министерството.
Abc7 пишува дека трагедијата се случила три недели откако Роми наполнил 12 години.
A 12 year old Brooklyn boy is dead. Family says Romy Vilsaint was beaten up at school twice. A relative says one of the beatings may have been a “$1 dare”. On Friday, was taken to the hospital where he later died. NYPD is investigating. pic.twitter.com/aEwXzXhCDe
— Lissette Nuñez (@LissetteNunezTV) May 8, 2021