СЛОВЕНЕЧКО ИСКУСТВО: ИМАШ ПОВЕЌЕ ОТПАД, ПЛАЌАШ ПОГОЛЕМИ СМЕТКИ За справување со отпадот најважни се четирите канти

Пред околу две години, во интервјуто со Словенецот Игор Петек, во тоа време прв човек на секторот за собирање отпад во љубљанското претпријатие „Снага“, тој ни даде неколку едноставни совети како и ние да тргнеме по патот по кој одеше Љубљана и стана зелена престолнина на Европа

572

Јавното претпријатие „Снага“ Љубљана е најголемата словенечка компанија за управување со комунален отпад. Преку својот софистициран систем, тој постапува со отпад за речиси 400.000 жители на Општина Љубљана, како и десет гранични општини. Љубљана има најголем удел во вкупниот селектиран собран отпад меѓу главните градови на Европската унија, додека трошоците за управување со отпадот се одржуваат меѓу најниските во Европа. Снага исто така управува со општинските јавни и зелени површини, јавни тоалети, итн. и ги одржува регионалните паркови во Љубљана. Воспостави и експертска група за грижа и одржување на урбаните дрвја. Значи, сето она за што ние сѐ уште можеме само да сонуваме.

Пред околу две години правевме интервју со господин Игор Петек, во тоа време прв човек на секторот за собирање отпад во ова љубљанско претпријатие, кој во нашата држава беше дојден по друга линија, односно, со претставници од словенечкот Ротари клуб „Логатец“ кој е збратимен со неколку ротари клубови во Македонија, но сепак се согласи да зборуваме на темата која нас не интересираше – како да се исплива од сопственото ѓубре и да се стане зелена престолнина на Европа.






Додека заедно со господин Петек, се шетавме низ Скопје и околината, минувајќи покрај препознатливите слики со ѓубре покрај контејнерите, по улиците и тротоарите, покрај реките и шеталиштата, нашите глави автоматски се вовлекуваа во рамениците, а чекорот ни се забрзуваше. Што побргу да се одминат неубавите слики бидејќи се тие и наша слика и прилика. Но, за чудо, наместо надмен однос, цоктање со јазикот и погледи полни прекор и неверица, нашиот гостин не тешеше.

Го прашавме господинот Петек да ни објасни како ѝ успеа на Љубљана да дојде до титулата зелена престолнина на Европа и да се најде на врвот, по одвојување на отпадот.

Имено, Словенците одвојуваат 70 отсто од отпадот, па било да станува збор за мешан, гломазен или за биоотпад, сѐ завршува во еден центар, но во одвоени погони. Таму се собира и се преработува 40 отсто од ѓубрето од цела Словенија и овој Центар за управување со отпадот е најмодерен во Европа, а лоциран е на само 3 ипол километри од центарот на Љубљана.

„Био-отпадот има свој сопствен систем, па после третманот и аеробна или анаеробна преработка, неговиот поквалитетен дел се користи за компост кој во мали пакувања ние им го продаваме на граѓаните, а оној другиот служи како погонско гориво“, почна да ни објаснува нашиот скромен соговорник кој со жар и неуморно зборува на својата омилена тема – филозофијата на нула отпад.

Го прашавме дали, според состојбата што ја виде во Македонија, мисли дека имаме некаква шанса некогаш и ние да се справиме со нашиот отпад.

Неговите одговори и целото интервју прочитајте ги на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини