Словачка има најмала стапка на морталитет во Европа од ковид-19

Во оваа земја која има 5,5 милиони жители од коронавирусот до сега починаа 20 лица.

504

Еден месец и половина по регистрирањето на првиот случај на вирусната инфекција во Словачка, со население од 5,5 милиони, стапката на смртност е најниска во Европа.

Во последните 24 часа, во Словачка се регистрирани два нови смртни случаи или вкупно дваесет смртни случаи.






Регистрирани се и тројца нови пациенти, па бројот на заразени достигна 1.384 лица, објави Националниот центар за медицински податоци. Бројот на тестирани во последните 24 часа е 1.767.

Словачка меѓу првите држави во Европа ги затвори сите училишта, продавници и граници.

Граѓаните започнаа да носат маски уште пред Владата официјално да ја воведе како задолжителна превентивна мерка, а регионот на Братислава, плашејќи се од италијанското сценарио, ги затвори училиштата два дена откако беше забележан првиот случај со ковид-19.

Поврзани содржини