Американскиот продуцент и рапер Др. Дре (55) претрпе аневризма на мозокот, поради што беше сместен во болницата „Кедарс-Синај“ во Лос Анџелес, пренесуваат странските медиуми.
Раперот го објави ова на својо профилна Инстаграм, објавувајќи црно-бела фотографија под која напиша:
„Им благодарам на сите, на моето семејство, на пријателите и фановите за убавите желби. Добро се опоравувам, мојот тим на лекари е фантастичен. Наскоро ќе излезам од болница“, напиша славниот Др. Дре објавувајќи и фотографија.
Лекарите велат дека не знаат што го предизвикало крварењето, но работат на тоа да се открие причината.
Бројни познати личности на раперот му посакаа брзо закрепнување на социјалните мрежи, вклучувајќи го и раперот Снуп Дог.
FOTO: Instagram