Славната Шер на работ на егзистенција: Ги потрошила милионите ФОТО

521

Славната пејачка и актерка Шер го потрошила своето богатство на скапите лекувања. Покрај тоа, како што пренесуваат странските медиуми, до сиромаштијата ја довеле лошите инвестиции и неконтролираното трошење пари.

Познатата пејачка, која заработуваше милиони долари, направи голема пауза во кариерата, а сега наводно е на работ на егзистенцијата, пренесуваат странските медиуми.






Имено, нејзе кон крајот на осумдесеттите години ѝ бил дијагностициран вирусот Епштајн-Бар, еден вид херпес, кој може да предизвика откажување на органите, како и неколку видови на рак.

– Постојано бев болна, за малку ќе ме убиеше пневмонијата. Лекарите прво ми велеа дека сум луда и дека претерувам, но сепак, открија дека сум тешко болна – рекла пејачката за странските медиуми.

Поради здравствената состојба, Шер морала да направи пауза од кариерата, бидејќи повеќе не можела да издржи настапи, како и турнеите. За да има од што да живее, пејачката започнала да снима реклами.

Меѓутоа, рекламите не носат пари колку нејзината примарна професија. Покрај тоа што потрошила многу пари на неуспешни медицински третмани, пејачката го изгубила и богатството поради неконтролирано трошење, како и лошите инвестиции.

 

Cher,cherilyn sarkisian,entertainer,singer,actress - free image from needpix.com

 

File:Cher in 2019 cropped 1.jpg - Wikimedia Commons

Поврзани содржини