📽 СЛАВНАТА АКТЕРКА ВО ЖИВО ИЗЕЛА ОТРОВНО ОВОШЈЕ Алиша престанала да се јавува, обожавателите загрижени

744

Холивудската актерка Алиша Силверстон (47) ги загрижи обожавателите откако на социјалните мрежи објави видео на кое изеде плод од растение, не знаејќи дека тоа е отровен вид. Актерката била во посета на Лондон, а на видеото го покажа плодот и ги замоли своите следбеници да и помогнат да препознае за каков вид станува збор.

„Во ред, открив нешто и не можам да сфатам што е тоа, па ми треба ваша помош. Само го гризнав, бидејќи беше на улица и дебатиравме дали е тоа домат или не. Па што е по ѓаволите ова?“, прашала Алиша, па го гризнала плодот и додала дека веројатно не требало да го јаде неидентификуваното овошје.

 






@aliciasilverstoneWhat the heck is this!? I’m in England and can’t figure it out. 🤔♬ original sound – Alicia Silverstone


Обожавателите била мошне шокирани откако го погледнаа видеото и многумина укажаа на опасноста од јадење бобинки од страна на патот. Корисниците на социјалната мрежа ТикТок брзо идентификуваа дека се работи за таканаречената зимска или ерусалимска цреша (Solanum pseudocapsicum), која е отровна.

Нејзиниот плод не се јаде и содржи отровни материи, а иако не е смртоносен, може да предизвика одредени нарушувања, како што се болки во стомакот, делириум, дијареја, треска, главоболка, гадење, повраќање и забавено дишење, поради што е неопходно да се побара медицинска помош.

Обожавателите се загрижени за состојбата на актерката, особено што таа не се огласи на социјалните мрежи по видеото. „Дали е Алиша добро?“, „Може ли некој да ни каже нешто“, „Можете ли да нè известите, само напишете кратко дека е добро“, пишувале обожавателите, но актерката сè уште не одговорила.

 

Поврзани содржини