СЛАВЕСКИ ДЕНЕСКА СЕ ПРИЈАВИЛ КАКО ГОСТИН КАЈ САМИОТ СЕБЕ Арсовска воведе нови правила во Град Скопје, со синџир ги блокираше споредните влезови

Славески кој денеска го доби и соодветниот документ при влезот на работното место вели дека и покрај тоа што оваа постапка е понижувачка, не е проблем да ја почитува одлуката на грСлавески кој денеска го доби и соодветниот документ при влезот на работното место вели дека и покрај тоа што оваа постапка е понижувачка, не е проблем да ја почитува одлуката на градоначалничката.адоначалничката.

3,869

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска воведе нови правила за влез во бараките на Градот кои важат за советниците и за претседателот на Советот, Трајко Славески. Тие од пред два дена за влез во канцелариите ќе го користат само главниот влез со најава кај портирот и со пропусница како гости која по излегувањето од зградата треба да ја вратат на портирот.

Славески кој денеска го доби и соодветниот документ при влезот на работното место вели дека и покрај тоа што оваа постапка е понижувачка, не е проблем да ја почитува одлуката на градоначалничката.






– За нас нема картички за отчукување за доаѓање на работа како за вработените при влез, туку треба да пополниме посебен образец кој вообичаено го пополнуваат гостите кои кажуваат кај кого одат. Значи, утрово добив посета од Славески, бидејќи вработениот на капијата наведе дека Трајко Славески оди кај Трајко Славески. Попладне при излез од просториите на претседателот на Советот ќе треба да ја предадам пропусницата кај портирот – објаснува Славески за Плусинфо.

Тој додава дека досега за влез во просториите на претседателот на Советот на градот ја користел поблиска споредна врата, но денеска таму имало ставено катанец.

– Просториите на претседателот на Советот на Град Скопје се сместени во барака 1, која се наоѓа на спротивната страна од барака 16, каде што се одржуваат седниците. Кога одев до мојата канцеларија ја користев поблиската врата, од која клучеви имаат само возачот и техничката секретарка. Пред два дена на вратата имаше катанец и сега мора да го користам главниот влез со пропусница како посетител – додава Славески.

Градоначалничката на Град Скоопје и претседателот на Советот на Градот од неодамна се во постојан конфликт, па сите седници на Советот не поминуваат без тензии и конфликти проследени со навреди.

Поврзани содржини