СКРОЕНА ЕВРОПСКАТА КАПА ЗА РУСКАТА НАФТА Осмиот пакет санкции треба да го лиши Кремљ од 7 милијарди евра годишно

Покрај ограничувањето на нафтата, новата рунда санкции, осма од почетокот на инвазијата во февруари, наметнува построги забрани за увоз за да се задржат одредени руски производи надвор од пазарот на ЕУ. Производи како што се челикот, дрвната маса, хартијтаа, машините, хемикалиите, пластиката и цигарите. Ова ќе го лиши Кремљ од приходи од 7 милијарди евра, според проценките на Комисијата.

585

Европската унија одобри нови санкции против Русија, вклучително и ограничување на цената на поморската трговија со руска нафта, поради неодамнешата анексија на четирите региони, јавува Еуроњуз. Амбасадорите на ЕУ зборувале со Грција, Кипар и Малта, три земји кои се најзагрижени дека оваа мерка ќе го загрози нивниот дел во транспортот на руската нафта, а дека ќе им го предаде бизнисот на земји како Либерија, Панама или Маршалските Острови.

Најновите санкции, одобрени во средата наутро од амбасадорите на ЕУ, исто така, воведуваат нова забрана за извоз и увоз, како и сосема нова одредба што ќе ги спречи државјаните на ЕУ да седат во управните одбори на руските државни компании. Нови поединци и субјекти обвинети за поткопување на територијалниот суверенитет на Украина се додаваат на обемната црна листа.






Фосилните горива се главниот извор на приходи на Русија и сочинуваат 45 отсто од федералниот буџет на земјата. Според руската централна банка, во 2021 година, продажбата на руска сурова нафта изнесувала 110,2 милијарди долари, додека рафинираните нафтени производи, како дизелот и бензинот, ѝ донеле 68,7 милијарди долари.

Ограничувањето на цената на нафтата беше начелно договорено од Г7 на почетокот на септември и треба да се транспонира во правото на ЕУ за да стане ефективна и применлива.

Нафтената капа треба да има екстратериторијална димензија бидејќи штом ќе се имплементира, ќе влијае на меѓународната трговија надвор од границите на ЕУ и Г7. Русија е најголемиот светски извозник на нафта, исфрлајќи од 7 до 8 милиони барели дневно, од кои 60 отсто до сега во Европа.

– Оваа нафтена граница ќе помогне да се намалат приходите на Русија и да се одржат стабилни глобалните енергетски пазари – рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен минатата недела  при откривањето на предлогот .

Сега на потег повторно се земјите од Г7 кои ќе треба да го дефинираат опсегот на цените на нафтата и други практични детали. Сè уште е нејасно колку земји надвор од Г7 ќе бидат подготвени да учествуваат во непроверената шема, која во пракса значи формирање на картел.

Индија и Кина во последните месеци го зголемија купувањето на руска нафта што Москва намерно им ја продава со голем попуст. Сегашната разлика помеѓу барел сурова нафта „Брент“ и „Урал“ е 23 долари.

Покрај ограничувањето на нафтата, новата рунда санкции, осма од почетокот на инвазијата во февруари, наметнува построги забрани за увоз за да се задржат одредени руски производи надвор од пазарот на ЕУ. Производи како што се челикот, дрвната маса, хартијтаа, машините, хемикалиите, пластиката и цигарите.

Ова ќе го лиши Кремљ од приходи од 7 милијарди евра, според проценките на Комисијата.

Ќе биде забранет и извозот на стоки произведени од ЕУ во Русија, особено клучната технологија што се користи во руската војска, заедно со ИТ-технологијата, инженерските и правните услуги.

Сѐ уште не е објавена точната листа на забранети производи и услуги.

Санкциите ќе стапат на сила по нивното објавување во официјалниот весник на ЕУ.

Поврзани содржини