СКОРО 8 ГОДИНИ, А НЕМА НИ ТРАГА ОД ВЕТЕНИОТ СТУДЕНТСКИ ГРАД Студентите се радикализираат поради сиромаштијата и условите на студентските домови

Колку пати ветиле во последните 10 години дека ќе ги поправат студентските домови. Вие би можеле да изградите цел студентски град за тие 10 години, изјави Бленди Ходаи, од форумот за образовни промени.

1,931

Младинската сиромаштија и нискиот студентски стандард се меѓу најгорливите проблеми во Македонија за студентите, пренесува ТВ Алфа. Тие бараат исполнување на политичкото ветување, изградба на студентски град по примерот на оној во Софија – место прилагодено на студентите, со цел конечно решавање на субстандардните услови во актуелните домови.

– Колку пати ветиле во последните 10 години дека ќе ги поправат студентските домови. Вие би можеле да изградите цел студентски град за тие 10 години – изјави Бленди Ходаи, од форумот за образовни промени.






Студентски град беше повторувано предизборно ветување на СДСМ уште од 2016-та. Но, и по речиси 8 години власт, сѐ уште нема ни камен темелник.

„Во Скопје, кај студентските домови „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“ ќе изградиме студентски град. Ова ќе значи повеќе интервенции во просторот, со комплетно нови модерни архитектонски решенија, како и функционални содржини: спортски сали, читални, библиотеки, ресторани, кино-сали и фитнес-центри.“ – Пишува во таканаречената програма „План за живот во Македонија“ (стр.224).

Од невладиниот сектор порачуваат дека е неопходна студентска радикализација за борбата за студентските права.

– Моментално фали по радикализиран пристап од студентите кога се зборува за нивните права и нивните услови коишто ги имаат. За тоа ние го организираме ова. Затоа денес имаме гости од Косово, Албанија, Србија и Бугарија. Пример, гостите од Косово, 4 пати беа носени во затвор поради радикализирани форми на протест коишто ги имаат во Косово – истакна Ходаи од ФОП.

Од Форумот за образовни промени, денес издадоа повелба за студентски права, со која предлагаат измени на законите, во кои наместо постојните запишани 15 студентски права, ќе стојат над 60. Помеѓу нив се бесплатно високо образование, укинување на бирократските лавиринти, како и дузина мерки за унапредување на студентскиот стандард и финансиска стабилност.

Поврзани содржини