СКОПСКИ ВОДОВОД ГИ НАМАЛИ ТРОШОЦИТЕ И ГИ ЗГОЛЕМИ ПРИХОДИТЕ Инвестициите зголемени за 30 отсто
Во првото тримесечје бележиме раст на приходите, намалување на трошоците и зголемени инвестиции за над 30 проценти, порача директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински.
За три месеци, ЈП Водовод и канализација – Скопје оствари раст на приходите,
намалување на трошоците и зголемени инвестиции од над 30 проценти, продолжуваме
ангажирано и посветено, порача директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински
На денеска одржаната седница на Советот на Град Скопје, помина финансискиот извештај за
работењето на ЈП Водовод и канализација – Скопје, за првиот тримесечен период од оваа
година.
– Во првото тримесечје бележиме раст на приходите, намалување на трошоците и зголемени
инвестиции за над 30 проценти. Податоците говорат дека е остварена нето добивка од
81.924.851 денари или вкупно е остварен финансиски резултат којшто е подобрен за
196.333.653 денари во споредба со истиот период минатата година. Приходите се зголемени
за 6% во вкупна вредност од 402.338.259 денари, додека расходите се намалени за 35% во
вкупна вредност од 313.434.772 денари. Зголемена е наплатата за вкупно 14% или одделено по категории, за домаќинства е 1%, додека за стопанство наплатата е зголемена за 40% – изјави Перински, кој додаде дека се зголемени се инвестициите во мрежите во сопствено производство за 35%.