📷 СКОПЈЕ МЕЃУ НАЈЗАГАДЕНИТЕ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ Дали Арсовска и овој пат ќе негира или Лисиче, Ѓорче Петров, Гази Баба не се дел од главниот град?
Според сајтот „IQAir“, Скопје утрово беше на седмото место помеѓу големите градови низ светот според аерозагадувањето. Со индекс од 162 главниот град се најде во друштво на градови како Мумбај и Калкута во Индија, Кувајт, Карачи во Пакистан или пак Ташкент во Узбекистан.
Скопјани утрово се разбудија во град исполнет со смог, а страниците кои информираат за аерозагадувањето покажуваат високи концентрации на штетните ПМ-10 суспендирани честички.
Според сајтот „IQAir“, Скопје утрово беше на седмото место помеѓу големите градови низ светот според аерозагадувањето. Со индекс од 162 главниот град се најде во друштво на градови како Мумбај и Калкута во Индија, Кувајт, Карачи во Пакистан или пак Ташкент во Узбекистан.

Според официјалната страница на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), највисоко загадување во 9 часот било регистрирано на мерната станица Лисиче (131 ПМ-10), Гази Баба и Центар (113) и Карпош (110).

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска преку својата служба за односи со јавност претходно за слична информација поврзана со загадувањето негираше дека воздухот во Скопје е опасно загаден. Тогаш таа медиумите ги нарекуваше „партиски војници“ и рече дека текстовите се нарачка од „политички кујни“. За да покаже дека Скопје не е меѓу најзагадените градови во светот, па и дека не е меѓу најзагадените во Македонија, Арсовска се повикуваше на интернет страницата Ваки.

Но овој пат, токму и преку интернет страницата преку која во Град Скопје се следи загаденоста на воздухот, покажува повисоки концентрации на ПМ-10 честичи, особено во текот на ноќта кога се и четирипати над дозволеното.
Во последното соопштение Град Скопје ги негираше информациите дека има загаден воздух над дозволеното во главниот град:
„Според истиот систем, најзагадени градови во Македонија, а со тоа и во топ 10 загадени во Европа се Струмица и Тетово, како и општините Гази Баба и Ѓорче Петров. Апелираме, пред објавување на информации, медиумите да ги проверат јавно достапните емпириски докази за загаденоста на воздухот во Скопје но и во цела Македонија“, велат градските власти.
Според ова соопштение, испаѓа дека градските власти не ги сметаат Гази и Баба и Ѓорче Петров како делови од Скопје.