СКОПЈАНИ ПОДГОТВЕТЕ СИ ГИ НЕРВИТЕ Започна реконструкција на улицата кон мостот „Беласица“
Градоначалничката Данела Арсовска вели дека ќе реализираат уште едно ветување, а со соопштението се испратени неколку фотографии кои сведочат во каква лоша состојба е оваа улица.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска се појави утрово кај Железничката станица за да види како е отпочната реконструкцијата на улицата која од главниот булевар Кузман Јосифовски Питу води кон мостот „Беласица“, но до крстосницата со улицата Ѓуро Ѓоновиќ.
Арсовска вели дека ќе реализираат уште едно ветување, а со соопштението се испратени неколку фотографии кои сведочат во каква лоша состојба е оваа улица.
– Станува збор за фреквентна улица која поврзува клучни сообраќајници во Скопје, која е во непосредна близина на Меѓуградската автобуска станица. Реконструкцијата на улицата Никола Карев се реализира на барање на граѓаните со што исполнуваме уште едно ветување од програмата „За модерно Скопје“ затоа што потребите на граѓаните се наш приоритет – рече градоначалничката Арсовска.
На улицата Никола Карев се врши реконструкција на коловозот, нивелација на шахтите и на сливниците, како и поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, а градежните работи ги изведуваат екипите на Јавното претпријатие Улици и патишта – Скопје.